Затоа е најдобар: Бројките на Родри на Мундијалот се страшни!

Наградата за најдобар фудбалер на Светското првенство, кое заврши со вчерашното финале во кое Шпанија ја победи Аргентина сосема заслужено му припадна на Родри.

Откако во септември 2024 година заработи тешка повреда, па сè до Мундијалот, Родри беше стартер на само 22 натпревари. Но, на Светското првенство во уште еднаш потсети зошто во својата колекција на трофеи ја има и „Златната топка“.

Уште пред неделното финале меѓу Шпанија и Аргентина, Родри беше лидер во неколку статистички категории, а конечните бројки се навистина импресивни, можеби дури и подобри од она што самиот можел да го замисли.

Според статистиката на „Опта“ пред финалето, Родри во просек имаше 94,0 додавања по натпревар, убедливо најмногу од сите фудбалери кои одиграле најмалку 400 минути на светските првенства. Уште поимпресивен е процентот на успешни додавања, до финалето дури 93,2 проценти од неговите пасови беа прецизни, а по одигрувањето на финалето тој процент дополнително се зголеми. Само во финалниот натпревар реализираше 95,3 проценти успешни додавања од вкупно 106 обиди. Во речиси сите статистички параметри беше подобар од кој било фудбалер што настапил на едно Светско првенство.

Покрај тоа, вреди да се издвојат уште два сегмента од неговата игра во кои Родри беше речиси беспрекорен.

Неговата игра во фазата кога Шпанија беше без топка беше од клучно значење. Влезе во 26 дуели, најмногу од сите играчи на шампионатот, а само во финалето имаше четири такви ситуации. Дополнително, не му дозволи на ниту еден противник да го помине со топка, што најдобро ја потврдува неговата доминација во дефанзивниот дел од играта.