Белгија го избрка селекторот по неуспехот на СП 2026

По завршување на Светското првенство (СП), репрезентацијата на Белгија реши да се раздели со селекторот Руди Гарсија.

Белгија стигна до четвртфиналето, каде што беше поразена со 1-2 од Шпанија, а очигледно тоа не беше доволно за Гарсија да ја добие довербата од управата и да ја води селекцијата во иднина.

Гарсија ја презема Белгија со големи амбиции, но на крајот не ги исполни очекувањата на навивачите.

Фото: Belgian Red Devils