Вардар и Шкендија ги дознаа ривалите во третото квалификациско коло од КЛ!

Македонските прволигаши Вардар и Шкендија на денешната ждрепка ги дознаа можните ривали во третото квалификациско коло во Конференциската лига (КЛ) на УЕФА.

Актуелниот шампион Вардар ќе се соочи со Рига во второто коло, а доколку го помине летонскиот ривал, тогаш во следната рунда би можел да игра со подобриот од дуелот меѓу Атерт Бисен од Луксембург и Ѓер од Унгарија.

Тетовци, од друга страна, ќе се соочат со Браво во второто коло, додека во третата рунда би можеле да играат против Хибернијан од Шкотска или Малишева од Косово.

Првите натпревари од третото коло се закажани на 6 август, а реваншите се играат една недела подоцна.