Бразилец од Тотнем лудуваше од радост пред телевизор поради - поразот на Аргентина (ВИДЕО)
Напаѓачот на Тотнем, кој традиционално навива против големиот јужноамерикански ривал Аргентина, буквално експлодира од радост кога Торес во продолженијата ја затресе мрежата за светската титула на Шпанците. На видеото што брзо стана вирално се гледа како Ришарлисон најпрво се фрла со лицето кон подот, а потоа скока на нозе и почнува еуфорично да слави, како погодокот да го постигнала неговата репрезентација.
Снимката за кусо време ги преплави социјалните мрежи, а ја сподели и најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, што дополнително придонесе таа да стане глобален хит. Со голот на Феран Торес, Шпанија ја освои втората светска титула во својата историја и ја спречи Аргентина да стане двократен последователен светски шампион. Воедно, „црвената фурија“ ги обедини европската и светската круна.
Ришарлисон има 54 настапи и 20 голови за бразилската репрезентација, со која ја освои Копа Америка во 2019 година, а последен пат настапи за „кариоките“ во октомври минатата година.