Мартинез емотивен: Сите сме како семејство, плачам кога ќе видам што направивме!
На сите три големи натпреварувања кои Аргентина ги освои, Мартинез беше прогласуван за најдобар голман, па нема дилеми дека е еден од најважните членови на оваа генерација на „гаучосите“.
„Она што го правиме е легендарно. Понекогаш плачам само кога ќе помислам на сè што успеавме да постигнеме“, изјави Мартинез.
Тој нагласи дека најголемата сила на оваа репрезентација е заедништвото:
„Оваа аргентинска екипа е семејство. Сакам да нè паметат како и секој Аргентинец, како луѓе кои се вредни, кои никогаш не се откажуваат и секогаш наоѓаат начин да продолжат напред, без разлика колку тешко станува. Токму тоа го покажуваме на ова Светско првенство.“
Мартинез истакна и што е најважно за играчите:
„Она што навистина значи е колку луѓето се препознаваат во нас, преку начинот на кој се однесуваме на теренот и преку тоа што значи да се биде Аргентинец.“