Роналдо го анализира Роналдо: Добар е само за кај Арапите - време му е за пензија!
Иако 40-годишниот Португалец неколкупати најави дека сака да продолжи да настапува за националниот тим, па дури се шпекулира и дека би можел да игра на Европското првенство во 2028 година, „вистинскиот“ Роналдо смета дека е време да ја прифати реалноста.
„Телото само ќе ви каже кога веќе не може. Борбата против сопственото тело е многу тешка. Можеби Кристијано сè уште има квалитет да игра во Саудиска Арабија, но кога станува збор за Светско првенство – се виде дека тоа е сосема друго ниво“, изјави двојниот светски шампион со Бразил.
Тој потенцира дека секој голем спортист мора да знае кога е време да се повлече.
„Колку и да го сакате фудбалот и да сакате да играте засекогаш, на крајот телото ја носи конечната одлука. Денес веќе не играм, иако главата сè уште сака, но телото едноставно не може да го следи тоа“, додаде бразилскиот Роналдо.
Португалија го заврши настапот на Светското првенство уште во осминафиналето, а Кристијано Роналдо на турнирот постигна три гола. И покрај солидниот голгетерски учинок, елиминацијата повторно ја отвори дебатата дали е време една од најголемите фудбалски легенди да му го препушти местото на помладата генерација.