Ќе суди финале на СП, а пред шест години беше уапсен како блудничи со српска старлета! (ФОТО)
Неговиот пат до ѕвездите не помина без сериозни турбуленции. Пред точно шест години, во 2020 година, Винчиќ се најде во центарот на голем регионален скандал кога беше приведен во полициска акција поврзана со аферата на српската старлета Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, која беше осомничена за проституција и подведување.
Словенечкиот судија беше приведен за време на полициската рација „Кристал“ во Бијељина (БиХ), спроведена поради сомнежи за организирана проституција, трговија со дрога и илегално поседување оружје. Во таа акција беа приведени десетици лица, а полицијата тогаш заплени кокаин, пиштоли, панцири и над 10.000 евра во кеш.
Винчиќ тогаш помина само со распит како сведок, тврдејќи дека нема никаква врска со уапсените лица и дека на забавата на луксузниот ранч се нашол како гостин, по што веднаш беше пуштен на слобода, без подигнување на обвинение.
„Јас покрај судењето, со години имам и своја приватна фирма. Бев на службен пат во БиХ на состанок со бизнис партнери, а по состанокот го прифатив повикот кој, како што се испостави, се претвори во најголемата грешка во мојот живот и поради која длабоко жалам. Сосема случајно се најдов на тој ранч каде имаше околу 40 луѓе кои првпат во животот ги видов. Седев со моето друштво на посебна маса, каснавме, се напивме нешто и тогаш упадна полицијата. Нè испрашуваа исклучиво како сведоци и кога утврдија дека немаме врска со организиторите, нè пуштија дома“, изјави тогаш Винчиќ во интервју за словенечките медиуми.
Една година подоцна, Тијана Ајфон во целост ја призна вината за меѓународно подведување на проституција, прифаќајќи казна затвор од една година бидејќи донела две девојки од Белград за да пружаат сексуални услуги за 500 евра на приватната забава.

И покрај таа црна дамка во приватниот живот, Винчиќ изгради беспрекорна судиска кариера на терените. Тој зад себе има сериозно педигре – ја делеше правдата на Еуро 2020, во 2022 година го судеше финалето на Лига Европа меѓу Ајнтрахт и Ренџерс, а две години подоцна ја имаше честа да го суди и големото финале во Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. На Еуро 2024 го водеше и големото полуфинале меѓу Франција и Шпанија.
Ова му е второ Светско првенство во кариерата. По двете отсудени средби во Катар 2022, Словенецот на овој Мундијал веќе одработи одлична задача на мечевите Бразил - Мароко, Јордан - Алжир, како и на осминафиналниот судир меѓу Мексико и Еквадор, што му ја донесе довербата од ФИФА за најважниот натпревар во фудбалскиот свет.