МЗТ доби незгодна група на враќањето во Еврокупот! (ФОТО)

Македонскиот шампион МЗТ Скопје по подолга пауза сезонава ќе игра во Еврокупот, а денеска ародромци ги дознаа и противниците во групната фаза.

Противниците „штрковите“ ги чекаа од последниот шести шешир, а ждрепката сакаше да бидат сместени во незгодна група со екипите на: АЕК Ларнака, германски Вурзбург, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и полската Џики Варашва. Интересен ќе биде и дуелот со Вурзбург каде што тренер е македонскиот стратег Сашо Филиповски.

Сепак, не е исклучено да дојде и до промени бидејќи АЕК, Вурзбург и Варшава играат и во квалификациите за Лигата на шампионите.

Првите натпревари од групната фаза која ќе трае до средината на јануари се закажани за 29 и 30 септември