Брегалница ангажира нов напаѓач, а потпиша и нови договори со тројца фудбалери

Македонскиот прволигаш Брегалница почна со составување на тимот за следната сезона, па така денеска беа потпишани четири важни договори.

Екипата од Штип го ангажира напаѓачот Мартин Стојанов, кој го напушта Тиквеш и се враќа во Брегалница.

Брегалница соопшти дека потпишала и нови едногодишни договори со Бојан Рајков, Ристе Темелков и Стефан Коцев.

Фото: Брегалница