Феран Торес пред заминување од Барса во европскиот шампион

Покрај Роберт Левандовски, Барселона летово би можела да остане и без вториот напаѓач во тимот.

Феран Торес наводно ги договорил личните услови и во новата сезона ќе го носи дресот на актуелниот европски шампион ПСЖ. Од Барса одамна објавија дека би разгледале добра понуда за него и покрај тоа што Феран Торес беше еден од најефикасните во тимот последните две сезони.

Информации од Шпанија велат дека Барселона за него ќе заработи меѓу 50 и 60 милиони евра, а замената најверојатно ќе биде Карим Адејеми кој идната недела треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише за вкупно 22 милиона евра, плус бонуси.