Росениор му се врати на фудбалот, има нов клуб!

Поранешниот тренер на Челси, Лиан Росениор, по неколкумесечна пауза се враќа на работата, денеска беше промовиран како предводник на ФК Париз.

ФК Париз денеска и официјално го промовираше Лиам Росениор како нов тренер.

Тој смета дека ова е фантастичен проект и верува дека може да го крене клубот на повисоко ниво.

Авантурата на Росениор во Челси не помина славно, тренерот брзо ги загуби конците во соблекувалната, нареди лоши резултати, по што следуваше и отказ.