Македонски младински репрезентативец ја замени Брера со тим од Србија (ФОТО)

Македонскиот младински репрезентативец, Марко Стојилевски (20 години), ќе ја продолжи кариерата во Србија, откако официјално потпиша договор со Смедерево.

Дваесетгодишниот дефанзивец во новиот клуб пристигнува од Брера, за која настапуваше во македонската Прва лига и стекна драгоцено сениорско искуство. Стојилевски е производ на младинската школа на Вардар, каде што ги мина сите возрасни категории, а во изминатите години беше стандарден член на младинските репрезентативни селекции на Македонија, вклучувајќи ја и репрезентацијата до 21 година.

Фудбалерот е висок 183 сантиметри, природна позиција му е десен бек, но успешно ги покрива и задачите како централен дефанзивец. Во Смедерево веруваат дека ќе претставува значајно засилување во пресрет на новата сезона.