Белгија ги прегази Американците, фудбалот ја победи политиката! (ВИДЕО)
Големо внимание пред самиот почеток привлече одлуката на ФИФА да му дозволи настап на Флоријан Балогун и покрај неговиот црвен картон, по директната интервенција и притисок од страна на Доналд Трамп. Сепак, напаѓачот не ги оправда очекувањата и одигра очаен натпревар.
„Црвените ѓаволи“ ја најавија победата уште во 9. минута кога по одлична комбинација со Раскин, Де Кетеларе прецизно стрелаше за водство од 1-0.
Американскиот тим се врати во резултатски егал во 31. минута, откако Тилман шутираше од слободен удар, а топката по ударот во живиот ѕид го смени правецот и го измами белгискиот голман за 1-1.
Но, Белгијците експресно одговорија по само 120 секунди. Повторно во главна улога беше Де Кетеларе, кој по асистенција на Тросар одново донесе предност од 2-1. Тоа беше резултат по првото полувреме.
Работите околу патникот во следната фаза станаа јасни по 13 минути игра во вториот дел. Голманот на САД направи катастрофална грешка, а подарокот веднаш го искористи Ванакен, зголемувајќи на недостижни 3-1.
Точка на овој возбудлив натпревар во судиското продолжение стави Ромелу Лукаку, поставувајќи ги конечните 4-1.
Белгија во четвртфиналниот дуел ќе ги одмери силите против Шпанија, која претходно во дербито ја елиминираше Португалија.