ЕХФ пресече: Пелистер од прв шешир во Европската лига - Охрид не доби вајлд-карта!
Откако Вардар доби место во Лигата на шампионите, битолчани го презедоа местото што според националниот рејтинг беше резервирано за македонскиот шампион во ЕЛ. Во меѓувреме, Европската ракометна федерација (ЕХФ) не го прифати барањето на Охрид за настап во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Пелистер ќе биде сместен во првиот шешир пред ждрепката за групната фаза, која ќе се одржи на 17 јули.
Новата сезона во ЕЛ стартува на 29 и 30 септември, а групната фаза ќе се игра до 2 декември. Во новиот формат на натпреварувањето ќе учествуваат 32 екипи, а првите две од секоја група ќе обезбедат место во плејофот. Во плејоф-фазата ќе им се приклучат и третопласираните и четвртопласираните екипи од групите во Лигата на шампионите. Дуелите од плејофот ќе се играат во февруари и почетокот на март 2027 година, по што победниците ќе се пласираат во осминафиналето.
Четвртфиналните натпревари се закажани за 20–21 и 27–28 април, додека завршниот турнир – ЕХФ ЕЛ фајнал-фор – ќе се одржи на 22 и 23 мај 2027 година, кога ќе биде познат новиот освојувач на трофејот.
ЛИГА ЕВРОПА (ПРВА ФАЗА)
БАРАБАН 1: Фленсбург (Германија), Нексе (Хрватска), Татабања (Унгарија), Савехоф (Шведска), Извиѓач (Босна и Херцеговина), Еурофарм Пелистер (Македонија), Бенфика (Португалија), Бидасоа Ирун (Шпанија)
БАРАБАН 2: Валур (Исланд), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Елверум (Норвешка), Лимож (Франција), Карвина (Чешка), Гранољерс (Шпанија), Татран Прешов (Словачка), Гумерсбах (Германија)
БАРАБАН 3: Сесвете (Хрватска), Хафнарфјордур (Исланд), Бузау (Романија), Сен Рафаел (Франција), Слован (Словенија), Шамбери (Франција), Торелавега (Шпанија), Ла Риоха (Шпанија)
БАРАБАН 4: ЧСМ Букурешт (Романија), Маритимо (Португалија), Агуаш Сантас (Португалија), Морс (Данска), Бергишер (Германија), Холстебро (Данска), Вибжеже Гдањск (Полска), Хамарби (Шведска)
