Реал Мадрид ќе купи мега ѕвезда ако го продаде Винисиус!
Реал Мадрид сака што е можно побрзо да го реши случајот со Винисиус. Неговиот договор истекува по крајот на наредната сезона, па доколку сега не биде продаден, тој ќе може да замине бесплатно следното лето.
Преговорите за нов договор се во застој, а ако не се согласи за продолжување на соработката, Реал Мадрид сака да го продаде.
Доколку се случи продажба, Реал Мадрид планира да донесе нова ѕвезда во клубот.
Ерлинг Халанд или Мајкл Олисе, тие се двете големи имиња кои се поврзуваат со кралскиот клуб. Еден од нив би требало да биде ангажиран ако Вини биде продаден.