Норвежаните имаат здравствени проблеми пред мечот со Англија!

Селекторот Столе Солбакен се соочува со главоболки пред четвртфиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Норвешка и Англија.

Британските и новрешките медиуми пишуваат дека во репрезентацијата на Норвешка има случаи на болест и замор кај фудбалерите.

По историската победа над Бразил, селекторот Солбакен им даде слобода за прослава. Но брзо се појавиле болести и замор. За заморот причината се исцрпувачките патувања низ Северна Америка.

Тие се жалат дека од почетокот на Мундијалот постојано патуваат од Бостон до Њу Џерси, па назад во Бостон, па во Далас, па Њу Џерси...

Здравствените проблеми постојано ги следат, се јавија уште на почетокот од Мундијалот кога напаѓачот на Кристал Палас, Јорген Странд Ларсен, го пропушти првиот натпревар на турнирот поради болест, додека Маркус Холмгрен Педерсен не настапи против Бразил поради вирусна инфекција.

Но, и покрај сите проблеми, Норвежаните веруваат дека ќе ја минат Англија.