Роналдо предизвика новинар: Знам дека не ме сакаш, прашај ме нешто (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо создаде тензична атмосфера на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот меѓу Португалија и Шпанија.

Португалската ѕвезда јавно го повика бразилскиот новинар Марсело Бехлер Мачадо, новинар на телевизијата „ТНТ“, тврдејќи дека не го сака и пред сите го предизвика да му постави прашање.

Непријатната ситуација се случи еден ден пред вечерашниот осминафинален дуел на Светското првенство. Победникот од овој натпревар ќе обезбеди место во четвртфиналето, каде што ќе игра против подобриот од пресметката меѓу САД и Белгија.

„Го предизвикувам господинот таму да ми постави прашање, бидејќи знам дека не ме сака. Баш ме интересира дали ќе постави добро прашање“, изјави Роналдо, покажувајќи кон Бехлер.

Бразилскиот новинар мирно возврати:

„Кристијано, како сте? Навистина многу ве ценам и ми претставува чест што разговарам со вас. Би сакал да ве прашам што е најтешко да се игра на Светско првенство на 41-годишна возраст?“

Но, Роналдо остана на својот став.

„Најтешко е да разговарам со вас, со некои од вас, особено со оние што не ме сакаат, а ти си еден од нив, го знам тоа. Добро ги паметам лицата. Доволно ми е еднаш да видам некого и никогаш повеќе да не го заборавам“, одговори Португалецот.