Како Норвешка го надигра Бразил – вакво нешто никогаш претходно не им се случило на кариоките!

Бразилската репрезентација доживеа шокантна елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство, откако беше поразена од Норвешка. Една од главните причини за историскиот неуспех на „кариоките“ беше целосната загуба на контрола врз играта, што најдобро го потврдува статистиката од натпреварот.

Норвежаните доминираа на теренот со дури 66 проценти посед на топката, додека Бразил остана на само 34 проценти.

Тоа е најнизок процент на посед што бразилската репрезентација некогаш го забележала на мундијалските натпревари, откако официјално се води оваа статистика. Наместо препознатливата игра на Бразил навивачите гледаа како скандинавската селекција го диктира темпото и целосно ги неутрализира бразилските ѕвезди.

Без доволно време со топката во своите нозе, Јужноамериканците не успеаја да создадат посериозни шанси, што на крајот ги чинеше место во четвртфиналето.

Овој тактички дебакл сигурно ќе предизвика лавина критики во Бразил, додека Норвешка слави еден од најголемите успеси во својата фудбалска историја.

Бразил така се простува од Светското првенство многу порано отколку што очекуваше јавноста, а овој натпревар ќе остане запишан како една од најцрните страници во нивната мундијалска историја.