Поништен црвениот картон на Балогун, Трамп ѝ се заблагодари на ФИФА (ВИДЕО)

Напаѓачот на САД, Фоларин Балогун ќе му биде достапен на селекторот Маурицио Покетино за осминафиналето на Мундијалот против Белгија.

Дисциплинската комисија на ФИФА реши да му го поништи црвениот картон кој го доби на дуелот против Босна и Херцеговина по стартот над Тарик Мухаремовиќ.

Познатиот новинар Бен Џејкобс објави дека Белата Куќа побарала од ФИФА да ја разгледа одлуката за суспензија на Балогун, по што следеше реакцијата на комисијата, а тоа предизвика и бурни реакции од јавноста, иако Светската фудбалска федерација соопшти дека никој не може да се меша во нивната работа.

„Ѝ благодарам на ФИФА што доенсе вистинска одлука и ја исправи неправдата“, објави Трамп.

Натпреварот меѓу САД и Белгија се игра во ноќта меѓу понеделник и вторник од 2 часот.

Фото: U.S. Soccer