Осака ја декласира Сабаленка во осминафиналето на Вимблдон

Јапонската тенисерка Наоми Осака славеше против најдобрата во светот, Арина Сабаленка со 2-0 во сетови (6-2 и 7-6) во осминафиналето на Вимблдон.

Од самиот почеток стана јасно дека Осака подготвува одмазда за поразот на Ролан Гарос, па со два брзи брејка стигна до убедливи 6-2 во првиот сет.

Осака во вториот сет водеше голема борба против Сабаленка, а го скрши нејзиниот отпор во тај-брејкот со 7-2.

Јапонката во следното коло ќе се соочи против Каролина Мучова.