Реал Мадрид сака да го одложи првиот меч во сезоната!

Натпреварот од првото коло во Ла Лига меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, кој беше закажан за 16 август, наскоро би можел да биде одложен за друг датум.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ побарале да се одложи натпреварот поради тоа што дел од фудбалерите ќе учествуваат во завршницата на Светското првенство (СП), а тоа ќе влијае врз подготовките.

„Диарио АС“ објави дека Ла Лига почнала постапка за одредување на нов термин за натпреварот, а конечна одлука се очекува наскоро.

Од шпанскиот гигант сметаат дека здравјето и подготвеноста на фудбалерите е приоритет, па затоа им е потребен продолжен одмор по Мундијалот.

Фото: Real Madrid C.F.