Победена и Италија, Македонија со перфектни подготовки патува на младинското ЕП!

Македонската младинска репрезентација во одлична атмосфера патува на Европското првенство откако денеска победена беше и репрезентацијата на Италиај со 30-22.

По првото полувреме во кое противникот успеваше да парира, Македонија водеше со 13-12, но во вториот дел избраниците на Игор Илиевски заиграа подобро и стигнаа до нова победа.

На претходните три натпревари во текот на подготовките, Македонија двапати ја победи Саудиска Арабија и еднаш Грција.

Македонија на Европското првенство ја чека тешка во група со Данска, Норвешка и Хрватска, првиот натпревар го играме против Норвежаните за три дена.