Уште едно изненадување на Вимблдон – крај и за противничката на Лина!
Денеска во второто коло Анисимова која минатата година играше финале на Вимблдон и во моментот се наоѓа на шестата позиција на светската ВТА листа доживеа изненадувачка елиминација од Медисон Кис.
Кис до победата против својат сонародничка дојде со пресврт и 2-1 во сетови. Анисимова тргна подобро и го доби првиот сет со 6-3, но потоа ги загуби следните два со 6-2 и 6-3.
Инаку ова е само уште едно изненадување во текот на денешниот ден откако денес претходно елиминирани бе втората и третата, тенисерка во светот, Ига Швјонтек и Елена Рибакина.