Ивановски го реши Вајс и обезбеди полуфинале на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски славеше против Александер Вајс од Италија со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 7-6 за пласман во полуфинале на турнирот во Скопје.

Ивановски направи брејк уште во вториот гем и поведе со 2-0, но Вајс возврати во наредниот и израмни на 2-2. Големата борба продолжи и во следните гемови, а сетот се решаваше во тај-брејк каде што македонскиот тенисер славеше со 7-5.

Почетокот на вториот сет го одбележаа неколку брејк-поени на двете страни, а Вајс во еден момент поведе со 4-2. Сепак, Ивановски набрзо се созема и избори нов тај-брејк, каде што славеше со 7-3.

Ивановски во следното коло ќе се бори против Јанаки Милев од Бугарија.

Македонскиот тенисер Обрад Марковски претходно беше елиминиран од Владислав Орлов со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 2-6.