Ристовски по две ипол години го напушти Бохемијанс (ФОТО)

Македонскиот фудбалер Милан Ристовски го напушти чешкиот тим Бохемијанс Прага 1905 и следната сезона ќе игра за нов клуб.

Бохемијанс преку социјалните мрежи ја потврди разделбата со македонскиот фудбалер, чиј договор важеше до крајот на сезоната.

Ристовски во дресот на чешкиот тим одигра 69 натпревари, а претходната сезона постигна пет голови и една асистенција.

Фото: Bohemians Praha 1905