Алкалоид ги почна подготовките за историската сезона - прва на четири фронта! (ФОТО)
По многу нешта, таа ќе биде историска за клубот од Автокоманда, како и претходните од формирањето на Алкалоид. Во неа, тимот предводен од Кирил Лазаров ќе се натпреварува на четири фронта: домашните првенство и Куп, Регионалната лига на Македонија, Србија и Црна Гора која стартува оваа есен и ЕХФ Европскиот куп каде ќе се обиде да го повтори подвигот од 2025 година кога ја освои титулата.

Подготовките на Алкалоид ќе траат околу 40 дена, од денеска до 3 август екипата ќе тренира во Скопје, потоа заминува во Маврово, а во финалната фаза ќе игра пријателски натпревари и ќе учествува на турнири.

На денешната прозивка присуствуваше и претседателот на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов кој ги поздрави ракометарите и им посака успешна сезона.








