Деби гол за Родригеш, Вардар израмни (ВИДЕО)
Откако Летонците заминаа на голем одмор со предност со 2-1, македонскиот првак израмни во 66. минута преку летното засилување Жерсон Родригеш. Од десната страна нафрли Закариќ, Омерагиќ не успеа да стигне до топката, но можеби и подобро што ја промаши бидејќи таа дојде на втората статива до репрезентативецот на Луксембург кој со глава ја смести во мрежата.
За Родригеш тоа е прв гол за Вардар на официјален натпревар и тој е круна на неговите добри настапи на европска сцена летово.