Шок за Вардар: По водството следеше брз пресврт на Рига! (ВИДЕО)

Вардар има негатива на полувреме против Рига од 1-2 на натпреварот во Скопје во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

„Црвено-црните“ поведоа со голот на Диего Кастањеда во 28. минута, откако Аргентинецот изведе мајсторија и погоди за 1-0.

Рига веднаш одговори, па по само неколку минути погоди Гало по лошата интервенција на голманот Талески.

Гостинскиот тим направи целосен пресврт во 39. минута кога Јаго Сикеира стрелаше за 2-1.