Кастањеда му ја „скрши кичмата“ на Јурковскис и погоди за водство на Вардар (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар води со 1-0 против летонска Рига во првиот меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Диего Кастањеда беше стрелец на голот за „црвено-црните“, откако со одличен потег го исфрли од игра Јурковскис и погоди за предност од 1-0.