Неверојатна заработка: Бекам доби цело богатство на Мундијалот

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам по завршување на кариерата продолжи да заработува големи износи, а Мундијалот исто така му донесе голема заработка.

Анализите покажале дека Бекам заработил дури 22,1 милион евра од турнирот со појавување во рекламни кампањи.

„Брендовите соработуваат со Бекам затоа што е доверлив и препознатлив за јавноста“, велат аналитичарите.

Богатството на легендарниот Англичанец, заедно со сопругата Викторија, се проценува на дури 1,38 милијарди евра.