Миленкоски повика 18 одбојкари на подготовките за ЕП 2026 (ФОТО)

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски го објави поширокиот список со одбојкари во пресрет на стартот на подготовките за Европското првенство (ЕП).

Миленкоски повика 18 одбојкари, а за разлика од настапот на Европската лига 2026 на списокот го нема младиот среден блокер Митко Спасов, кој има обврски со репрезентацијата до 20 години, како и либерото Ване Арапов.

Собирот на одбојкарите е закажан на 5 август во хотел „Монтана“ во Крушево, додека ЕП ќе се одрѓи од 9 до 26 септември во Италија, Бугарија, Романија и Финска.

Македонија игра во групата Б во Софија, каде што ќе се соочи против Бугарија, Украина, Полска, Португалија и Израел.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија