ФИФА ќе организира нов Мундијал во САД со 64 репрезентации?
Идејата за уште еден голем турнир во САД доаѓа 12 години откако тие ја добија организацијата на турнирот оваа година заедно со Мексико и Канада.
„Би-Би-Си“ пишува дека американските фудбалски челници сметаат дека нивната инфраструктура би можела да одигра најголема улога во кандидатурата.
Голем број стадиони веќе ги исполнуваат стандардите на ФИФА и претставуваат важна предност во однос на другите потенцијални кандидати.