Ѓорческа денеска игра за историја - за настап на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска го игра финалниот дуел од квалификациите за настап на главниот турнир на Вимблдон.

Откако успешно ги мина првите две пречки, на Ѓорческа и остана уште еден меч до креирање на историја.

Лина повеќепати досега играше квалификациите на грен слем турнирите, но никогаш не успеа да ги мине и да настапи на некој од нив.

Македонија немала тенисер во сингл конкуренција кој играл на грен слем турнир, па доколку Ѓорческа победи денеска, ќе испише македонска тениска историја.

Противничка ѝ е италијанската тенисерка Лучија Бронзети која е за околу 100 позиции подобро рангирана од Лина на ВТА листата.

Италијанката е голема фаворитка, но Ѓорческа нема да излезе на зелената трева со бело знаме.

Мечот меѓу Ѓорческа и Бронзети е закажан за 14 часот.