Алварез предизвика хаос во Мадрид: Атлетико ќе ја тужи Барселона

Изјавата на Хулијан Алварез по вчерашниот натпревар против Австрија дека сака да го напушти Атлетико и дека тоа е најдобро за сите, предизвика хаос во мадридскиот клуб кој и натаму тврди дека нема шанси да го продаде аргентинскиот репрезентативец.

Доцна синоќа се огласи Атлетико преку порталот на весникот АС и повторно луто ѝ се обрати на Барселона, дури најавувајќи тужба против „каталонците“.

„Ќе испратиме тужба во ФИФА. Барселона е измамнички клуб, но налета на клуб кој нема да падне на нејзините трикови. Го сакате Хулијан? Платете 500 милиони евра“, порачаа од Атлетико.

Сепак, дека на никого не му е сеедно во мадридскиот клуб, најдобар доказ е тоа што на Алварез веднаш му било понудено да се пресели во Арсенал, но тој одбил. Барселона планира да испрати уште една понуда, меѓу 120 и 130 милиони евра, меѓутоа од Атлетико тврдат дека нема шанси да го продадат својот фудбалер, дури и по цена тој да ја преседи цела сезона. На Диего Симеоне не му се допаѓа тоа и смета дека ако некој играч е несреќен во тимот, не треба да се држи по секоја цена.