Неверојатна сличност: Јамал 2026 како Меси 2006
На каталонскиот тим очајно му требаше млада ѕвезда за на него да ја почне да ја гради иднината и да се надева на повторувањето на златниот период од ерата на аргентинскиот ас. Сепак, некои работи меѓу Јамал и Меси природно почнаа да се повторуваат, на големо изненадување на љубителите на фудбалот.
Освен тоа што во Барселона играше со истиот број (19) како Меси во почетните години од својата професионална кариера, Јамал и потоа го презеде бројот 10, а сега достигнувањата на Аргентинецот се пресликуваат и на репрезентативно ниво. Со оглед на тоа што разликата меѓу нив изнесува 20 години, сведоци сме на работи што се случиле пред две децении кога Меси се уште беше ѕвезда во подем.
Најинтересното нешто се случи вчера, на дуелот меѓу Шпанија и Саудиска Арабија. На него, Јамал го постигна првиот гол на мундијалите во својата кариера со неверојатна сличност како Меси. Младиот Шпанец погоди со десната нога, носејќи го бројот 19 на 18 години и 11 месеци. Истото го направи Меси во 2006 година против СР Југославија и за него тоа, исто така, беше прв гол на светските првенства за оттогаш да постигне уште 15 и до моментов да е ко-лидер на вечната листа на стрелци на овие шампионати.