Причина за солзите на Меси е татко му - тешко е болен

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси постигна хет-трик на мечот против Алжир, но по првиот гол се расплака што им дојде чудно на сите љубители на фудбалот.

Играчот на Интер Мајами подоцна објасни дека поминал низ тежок период и дека чувствувал голем товар, но не објасни што точно му се случува во животот. Аргентинските медиуми тврдат дека ја знаат причината за тоа.

Според нив, таткото на Лео, Хорхе Меси се наоѓа во тешка здравствена состојба подолг период. Ситуацијалата кулминирала претходните недели во кои здравјето дополнително се влошило.

Од што точно боледува Хорхе Меси не е познато, но Лионел засега извонредно се носи на теренот каде ја предводи аргентинската репрезентација.