Коментатор ги помеша Иран и Нов Зеланд - Турците веднаш го избркаа! (ВИДЕО)

Турската државна телевизија го отстрани коментаторот Мурат Екрем Чимен од тимот за пренесување на натпреварите од Светското првенство поради грешка за време на дуелот меѓу Иран и Нов Зеланд.

Одлуката била донесена веднаш по гафот кој го направи во дуелот и за него Мундијалот е завршен кога во прашање се работните обврски.

Чимен во почетните минути од преносот на натпреварот помеѓу Иран и Нов Зеланд кој заврши без победник 2-2 ги помеша двете репрезентации, па дури кога во кадарот се појави Мехди Тареми сфати дека Иранците се во бела комбинација.

Од ТРТ порачаа дека ваква грешка е неприфатлива и им се извинија на навивачите.

„Им се извинуваме на нашите гледачи и на јавноста поради оваа грешка“, соопштија од телевизијата додавајќи дека за нив е неверојатно како коментатор со искуство повеќе од 30 години може да си дозволи ваков пропуст.