Ова ретко се случува: Селектор доби отказ по првиот натпревар на Мундијалот!

Сабри Ламуши добил отказ на селекторската функција на Тунис веднаш по првиот натпревар Светското првенство, што секако е големо изненадување бидејќи не се случува често селекторите да добиваат откази додека репрезентациите учествуваат на најголемиот фудбалски турнир.

По поразот од Шведска со 5-1 во првото коло на турнирот, Фудбалската федерација на Тунис донела одлука за итно разрешување на селекторот Ламуши.

Според информации од Тунис, раководството на федерацијата одржало состанок на кој едногласно било одлучено 54-годишниот стратег да биде сменет.

До крајот на натпреварувањето неговото место би требало да го преземе асистентот Вахби Казри, додека како можен иден селектор по завршувањето на Мундијалот се споменува Мондхер Кебаир.

Ламуши беше назначен за селектор во јануари оваа година. Тој го водеше Тунис на пет натпревари и оствари биланс од една победа, едно реми и три порази.