Шкендија Арачиново за прво засилување одбра поранешен фудбалер на Вардар!
Крилото се враќа во македонскиот шампионат по двегодишна пауза, период во кој по заминувањето од Вардар повеќе од една година беше без клуб, а последните шест месеци ги мина во редовите на локалниот тим Индепенденција. Тој во Македонија дојде во 2023 година во таборот на Македонија ЃП, додека по една сезона премина во црвено-црниот табор.
Во Арачиново пристигнува како слободен агент и треба да биде едно од главните засилувања на дебитантот во елитното друштво. Од клубот очекуваат неговото искуство да помогне во исполнувањето на главната цел – обезбедување опстанок во Првата лига.