Блесна со гол против Бразил, па договори трансфер во Баерн

Мароканскиот фудбалер Исмаел Саибари блесна на своето деби за Мароко на Светското првенство и постигна гол во ремито против Бразил 1-1.

Саибари се запиша во листата на стрелци со убав погодок за водство на Мароканците против фаворизираниот Бразил, кога успеа да го лобува голманот Алисон 1-0.

И покрај голот, мароканскиот офанзивец беше постојана закана за бразилската одбрана, а  додека тој е на Мундијалот неговите агенти постигнале договор за голем трансфер.

Како што потврди Фабрицио Романо, Саибари дефинитивно ќе стане нов фудбалер на Баерн Минхен, клуб кој подолг период го следеше неговиот развој, а конечниот договор со ПСВ е веќе постигнат.

Станува збор за фудбалер кој може да игра на повеќе позици во средниот ред, меѓутоа најдобро се снаоѓа во офанзивата веднаш зад напаѓачите.

Минатата сезона во дресот на ПСВ  постигна 19 голови на 37 натпревари и запиша шест асистенции.

Интересно е што е роден во шпанскиот град Тераса, а фудбалски се формираше во младинските категории на Андерлехт и Мехелен, пред да потпише за Генк од каде што премина во ПСВ.