Само проблеми за Англичаните - ги зафати и торнадо

Во кампот на Англија досега немаше ништо друго освен вознемиреност бидејќи еден од главните кандидати за титулата на Светското првенство постојано го следат малери.

Вчера, низ целиот свет се прошири веста дека биле ограбени. Нивните копачки, опрема, комплети за анализа и топки беа украдени, па репрезентацијата се пресели во Мисури. И тоа не беше крајот на нивната мака, туку само почеток. Извршени беа разговори со полициските службеници, дадени се информации за да можат да си ја завршат работата и да ги пронајдат сторителите, а тимот се смести во кампот и се подготви да го гледа натпреварот меѓу Шкотска и Хаити. И тука почнаа нови проблеми.

Делегацијата почна да добива пораки, сите ги примија, а првата гласеше: „Сериозно предупредување за грмотевици. Треба да се засолните и да се држите подалеку од прозорците“. Ветерот дуваше со брзина од 128 км/ч, временските услови се влошија и пристигна нова порака, многу поопасна: „Предупредување за торнадо“.

Сите фудбалери мораа да се засолнат, како и другите граѓани во Канзас и околината. Некои делови од градот останаа без електрична енергија, не беше наивно.

Иако се соочија со многу тешкотии по пристигнувањето во Мисури, Томас Тухел планира денеска да тренира со тимот. Англичаните немаат многу време до нивното деби на Светското првенство, в о среда во 22:00 часот по средноевропско време ќе играат против Хрватска.