Од бегалски камп до место на СП: Приказна на ѕвездата на Канада
Иако со години е светска фудбалска ѕвезда, сепак неговиот пат до врвот не беше воопшто лесен. Приказната не почнува на тревниот терен, туку во бегалски камп во Гана.
Неговите родители Дебеа и Викторија избегале од Либерија за да си ги спасат животите од воените пресметки, додека Алфонсо е роден во бегалскиот камп во 2000 година.
Животот во камп значел рестрикции за вода, недостаток на храна и страв за нивната иднина. Условите биле навистина ужасни, но конечно семејството добило виза за Канада во 2005 година.
Родителите морале да работат по неколку работи за да го прехранат Алонфсо, но и неговите брат и сестра.
На само 14 години Алфонсо морал да го напушти семејството и да се пресели во Ванкувер каде што се приклучил на академија. Потоа заигрува во МЛС, по што сè останато е историја.
Фото: Facebook/Canada Soccer