Бразил е самоуверен како во шампионските години - има една причина за тоа!

Пред стартот на Светското првенство, во бразилскиот национален тим владее позитивна атмосфера и голема верба дека може да се освои мундијалскиот пехар.

Причината за тоа е Карло Анчелоти. Фудбалерите се многу среќни со италијанскиот стратег, го гледаат како тренер кој е специјалист за нокаут турнири и веруваат дека може да ги однесе најдалеку.

Бразилците чувствуваат дека може да играат без притисокот кој го носи фаворитската улога. На ова првенство тие не се едни од главните фаворити, па се надеваат дека од сенка ќе може да изненадат.

Бразил е петкратен освојувач на Светското првенство, а последен пат на овој трофеј се радуваше во 2002 година. Ги има освоено и првенствата во 1958, 1962, 1970 и 1994 година.

Бразил е дел од групата Ц во која се уште и селекциите на Шкотска, Хаити и Мексико. Првиот меч на Бразилците е против Мароканците на 14. јуни на полноќ.