Партизан се прости од Един Авдиќ: Цела сала го скандираше неговото име пред сопругата и синот (ВИДЕО)

Екипата на Партизан вечерва му оддаде голема почит на прерано починатиот спортски коментатор Един Авдиќ пред почетокот на финалниот натпревар од АБА лигата против Дубаи, а емотивните сцени ги трогнаа сите присутни во салата.

„Црно-белите“ на посебен начин го зачуваа споменот на човекот кој уживаше огромна почит меѓу навивачите и љубителите на кошарката. На натпреварот беа поканети неговата сопруга Ања и синот Исак.

На видео-бимот беше прикажан цртеж што малиот Исак му го посветил на својот татко, предизвикувајќи силни емоции кај присутните и навивачите во арената.

Посебно емотивен момент беше столчето со името на Авдиќ, кое остана празно во негова чест. На него беа поставени јагоди и Нутела, едни омилените работи на Един, со што организаторите сакаа да ја доловат и неговата човечка, топла страна, која многумина не ја познаваа покрај работата во спортот.