Аргентина го победи Исланд, луда асистенција и гол на Меси! (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен уште во осмата минута, а стрелец на голот беше Барко за водство на Аргентина од 1-0.
Меси мечот го почна од клупата и во игра влезе дури во 70. минута. А веднаш, со својот прв допир на топката асистираше фантастично по што беше направен пенал.
Тој ја изведе најстрогата казна и постигна гол од белата точка за водство на Аргентина од 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Алмада со погодок во 86. минута.
Аргентина првиот натпревар на Светското првенство го игра на 17. јуни со почеток од 3 часот после полноќ.