Барселона сака да го капариса Фабрегас за 2028 година

Едногласно е мислењето во Барселона дека Цеск Фабрегас треба да го замени Ханси Флик кога за тоа ќе дојде време.

Според каталонските медиуми, тоа ќе се случи во 2028 година кога ќе истече новиот договор на германскиот стручњак. Фабрегас сега го води Комо и со него прави чуда, а успеа да го однесе и во Лигата на шампионите, но италијанскиот клуб му нуди договор во обид да го задржи што подолго.

Првиот соработник на Жоан лапорта, Алехандо Ечевериа уште пред неколку дена заминал за Италија за да разговара со Фабрегас. Тој бара од него во договорот со Комо да вклучи специјална клаузула според која калчолигашот е должен да го пушти ако Барселона сака да го донесе во 2028 година.

Во комбинација бил и Луис Енрике кој две сезони по ред ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, но се чини дека Барса нема шанси да го врати него на Камп Ноу.