Партизан има нов тренер, се врати рекордерот по бројот на настапи

Саша Илиќ кој е легенда на Партизан ќе биде новиот тренер на тимот, потврди белградскиот гигант.

Рекордерот по бројот на настапи во дресот на „црно-белите“ ќе го наследи Срѓан Благојевиќ. Во кариерата Илиќ одигра 876 натпревари за Партизан во кои постигна 240 голови и освои 11 шампионски титули и уште седум трофеи во купот.

Како тренер досега работеше во Чукарички, ЦСКА Софија, Атромитос, Нижни Новогорд и азербејџанскиот Сумгаит од каде што неодамна си замина.

Претставувањето пред медиумите на Илиќ е закажано за утре од 12:00 часот.

Фото: FK Partizan