Босанските навивачи направија фантастична атмосфера, фудбалерите не ја победија Панама! (ВИДЕО)

Босна и Херцеговина одигра 1-1 против Панама во последниот подготвителен натпревар за Светското првенство.

Уште не е почнато Светското првенство, а босанските навивачи веќе се хит. Погледнете каква атмосфера направија:

Што се однесува до натпреварот, двата голови беа постигнати во првото полувреме. Катиќ во 23. минута донесе водство за БиХ, пред крајот на првиот дел Рамос израмни на 1-1.

БиХ настапот на Мундијалот го почнува во петок против домаќинот Канада.