Револуција на „аѕурите“: Италија против Луксембург со најмлада постава во последните 114 години
Ова е првиот од двата натпревара под привремениот селектор Силвио Балдини, кој го презеде тимот по поразот од плејофот на Светското првенство од БиХ и оставката на Џенаро Гатузо. Италијанците ќе гостуваат во Грција во недела вечер и со тоа официјално ќе ја заврши оваа сезона.
Балдини одлучи да повика играчи кои во голема мера не играле за репрезентацијата, давајќи им можност да покажат што можат да направат на ова ниво. Последниот пат кога „аѕурите“ имале помлад состав од вечерашнииот било во декември 1912 година на пријателскиот меч со Австрија кога просечната возраст на тимот изнесувала 21 година и 308 дена.
Во целиот состав има само четворица играчи кои веќе имаат настапи за сениорската репрезентација: Џанлуиџи Донарума, Марко Палестра, Николо Писили и Франческо Пио Еспозито.