Чешко тениско чудо испиша историја на Ролан Гарос!

Чешкиот тенисер, Јакуб Меншик, си ја продолжи бајката на Ролан Гарос, откако со убедлива победа над Жоао Фонсека (6-4, 6-3, 7-6) обезбеди место меѓу четворицата најдобри во Париз.

За него ова е прво полуфинале на гренслем-турнир во кариерата, а со овој успех испиша и историја. Тој стана првиот тенисер роден во 2004 година или подоцна кој стигнал до полуфинале на некој од четирите најголеми турнири, а воедно и најмладиот Чех на кого му успеало тоа. Меншик одигра речиси перфектен меч против бразилската сензација, која претходно во Париз ги среди Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд. Фонсека, сепак, против расположениот Чех немаше вистински одговор.

„Почнав малку нервозно, а потоа следуваа неверојатни поени. Во третиот сет бев во негатива и среќен сум што останав фокусиран до крајот. Во тај-брејкот одиграв некои од најдобрите поени во кариерата“, изјави Меншик по триумфот.

Во полуфиналето го очекува најголемиот предизвик досега – дуел со вториот носител Александер Зверев, финалист на Ролан Гарос од 2024 година.